Белиот грав, кој е најпознат на нашето поднебје, е еден од најконсумираните видови грав во светот. Се консумира речиси исто колку и оризот. Храната богата со растителни влакна, како што е гравот, помага во апсорпцијата на шеќерот во крвта и со тоа го намалува нивото на шеќер во крвта. Една студија направена на 17 лица со дијабетес тип 2, покажала дека консумирањето грав го намалува нивото на шеќер веднаш по јадењето, кога вообичаено истиот тој се зголемува. Гравот, исто така, помага при намалување на телесната тежина.
Многу е здрав и шарениот грав, кој најчесто се консумира во Мексико. Шарениот грав го намалува холестеролот. Една студија направена на 16 лица што јаделе половина чинија дневно, во период од осум недели, покажала дека лицата имале намалено ниво на холестерол во крвта. Друга студија покажала дека шарениот грав го намалува лошиот холестерол, а ја подобрува состојбата на здравите бактерии во цревата. Како и другите мешунки, шарениот грав помага во намалување на шеќерот во крвта.