Зачинетата храна во одредени случаи има доста предности во однос на употребата на лекови. Оние што редовно консумираат ваква храна, побрзо се справуваат со болестите и имаат подолг животен век. Значи, храната со зачини (што содржи лук, кромид, рен, пиперка) има многу корисни медицински својства.
Ја намалува телесната тежина: луѓето што консумираат јадења со додатоци од зачини ја намалуваат потребата од солена, слатка и мрсна храна.
Го продолжува животниот век: неодамнешните студии на Кинеската академија за медицински науки покажале дека луѓето што секојдневно консумираат зачини имаат 14 отсто помал ризик од болести.
Го спречува прејадувањето: зачинетата храна ве прави сити. Една студија покажала дека луѓето што јадат зачинето предјадење, за ручекот или вечерата консумираат многу помалку храна.
Го регулира хормонот за глад: хормонот одговорен за чувството на глад е единствениот виновник зошто јадеме сѐ повеќе. Зачинетата храна ќе го намали влијанието на овој хормон.
Го зајакнува имунолошкиот систем: антиканцерогените својства на фенолот (кој го има во многу зачини), заедно со антибактериските својства на зачинетата храна, обезбедуваат добра одбрана од инфекции и го бранат телото од надворешни непријатели. Традиционалната медицина е добро запознаена и со капсаицинот, кој се наоѓа во повеќе зачини и е корисен за бубрезите, белите дробови и за срцето, а најмногу го има во лутите пиперки.
Ги намалува воспалителните процеси: зачинетото јадење може да го намали воспалението во телото како резултат на фенолните материи, кои го намалуваат ризикот од отекувања и физичка болка.
Штити од болести што се пренесуваат преку храната: зачинетата храна има антимикробни својства. Ги елиминира штетните паразити и микроскопските микроорганизми присутни во храната.
Го поттикнува метаболизмот: капсаицинот го стимулира метаболизмот преку процесот на греење, кој е познат како термогенеза. Термогенезата може да го забрза варењето на храната и да согори дополнителни 50 калории по консумирање лут оброк.
Спречува појава на рак: иако антиканцерогените својства на зачинетата храна не се докажани во целост, се знае дека оваа храна содржи флавоноиди и каротиноиди што ги напаѓаат клетките на ракот и слободните радикали во организмот. Консумирањето поголеми количества лути пиперчиња значи помал ризик од појава на рак на простатата.
Ја подобрува функцијата на крвните садови: капсаицинот исто така помага и во намалување на нивото на холестеролот и го намалува крвниот притисок.