Факти за популарни филмови што можеби не сте ги знаеле
Снимањето филмови воопшто не е лесен процес. Често режисерите, снимателите, целата продукција се соочуваат со голем број технички компликации, како и проблеми со однесувањето на главните актери. Ќе наброиме неколку информации од она што се случувало зад сцената на неколку популарни холивудски филма.
„Интерстелар“ (2014)
За да се сними филмот „Интерстелар“ режисерот Кристофер Нолан бил принуден да засади пченка на 500 ари земјиште. А интересно е што по завршувањето на филмот пченката е продадена по мошне добра цена, па филмското студио доби плус заработка.
„Форест Гамп“ (1994)
Том Хенкс се одрече од хонорарот за снимањето на овој филм, но склопи договор со продукцијата да му следува процент од профитот на филмот доколку биде успешен во киносалите. Овој ризик многу му се исплати. „Форест Гамп“ заработи 677 милиони долари од продажба на влезници, а Хенкс по завршувањето на прикажувањето на филмот имал околу 40 милиони долари.
„Далас бајерс клаб“ (2013)
Целиот буџет на овој филм бил 5 милиони долари, а од него 250 долари биле издвоени за шминка и фризура. Но и покрај тоа, шминкерите што работеа на филмот добија „оскар“ за најдобра шминка.
„Роки 4“ (1985)
Силвестер Сталоне сакал што пореалистично да изгледаат сцените од боксот во четвртиот дел од филмот за Роки Балбоа, па го замолил соперникот во рингот Долф Ландгрен да го удри посилно. Но се преценил, па со ударот на Долф Сталоне завршил на интензивна нега дури четири дена.
„Гон грл“ (2014)
Режисерот на „Гон грл“, Дејвид Финчер, изјавил дека снимањето на филмот било прекинато четири дена затоа што главниот глумец, Бен Афлек, одбил да носи бејзбол-капа на тимот Њујорк јенкис. Тој бил обожавател на Ред сокс, па по никоја цена не сакал да носи капа од својот ривал. На крајот, сепак, е направен компромис и снимањето продолжило, така што Афлек носи капа од Њујорк метс.
„Чарли и фабриката за чоколади“ (2005)
За потребите за снимањето на овој филм, компанијата „Нестле“ обезбедила 1.850 вистински чоколади.
„Дневникот на Бриџит Џонс“ (2001)
За да биде уверлива во својата улога во филмот, главната актерка Рене Зелвегер се здебелила 12 килограми и одлучила да работи еден месец во една издавачка куќа. Ги променила името и акцентот за да не ја препознаат, но на нејзиното биро си ставила слика од тогашниот дечко Џим Кери. Колегите од компанијата ја гледале чудно поради тоа, но не коментирале.
„Кум“ (1972)
Мачката што Марлон Брандо ја држи во една сцена во филмот воопшто не била дел од сценариото. Всушност, станува збор за мачка бездомник, која режисерот Фресис Фод Копола ја пронашол на снимањето. Одлуката таа да се појави во филмот паднала во последен момент.
„Ѓаволот носи прада“ (2006)
Првиот ден на снимањето на „Ѓаволот носи прада“, Мерил Стрип ѝ рекла на Ен Хатвеј: „Мислам дека си совршена за оваа улога. Многу сум среќна што ќе работиме заедно“. По кратка пауза додала: „Ова е последната убава работа што ќе ти ја кажам до крајот на снимањето“.
„Волкот од Волстрит“ (2013)
Наместо кокаин во сцените во кои се зема дрога, Леонардо ди Каприо и Џон Хил во своите ноздри внесувале витамин Б. Организмот на Џон не реагирал добро на ова па добил бронхитис и морал да биде хоспитализиран.