Во Индија, додека луѓето се затворени во своите домови, десетици илјади фламинга ги искористија мирот и тишината и го преплавија Мумбаи.
Фламингата веќе одамна мигрирале во Мумбаи поради сезоната на хранење и размножување, меѓутоа жителите сега известуваат за цветањето на овие розови птици. Друштвото за природна историја во Мумбаи проценува дека оваа година се доселиле 25 отсто повеќе од лани. Како што истакнуваат, околу 150 илјади фламинга тргнале на епско патување во Мумбаи.
– Иако за време на карантинот е забележан пад на индустрискиот отпад, приливот на куќната канализација помага да се создадат планктони, алги и микробентоси. Покрај тоа, карантинот им овозможува мир на овие птици, ги нема луѓето да им се мешаат во нивниот обид да стигнат до храна и живеалиште – вели Рахул Кот, помошник-директорот на друштвото за природна историја.
Индија веќе над еден месец е во карантин за да се спречи ширење на коронавирусот. Возовите, авионите и автобусите не сообраќаат, а се обезбедуваат само основните услуги. Според неодамнешниот извештај на глобалната компанија за информации и технологија за квалитет на воздухот, во март најдобриот квалитет на воздухот е пријавен во Мумбаи, пренесе Си-ен-ен.
Исто така и други животни уживаат во отсуството на луѓе. Така, мајмуните во голем број се спуштиле во Делхи, додека во реката Ганг првпат биле забележани делфини.