Женките живеат подолго од мажјаците
Животниот век кај животните од женски пол е подолг. Лавиците можат да живеат дури двојно подолго од лавовите. Лавиците живеат заедно во чопор во кој сестрите, мајките и ќерките ловат заедно и се грижат една за друга.
– Возрасните лавови, пак, од друга страна, често живеат сами или заедно со своите браќа и сестри и затоа немаат таква мрежа за поддршка – вели еден од авторите на ова истражување, Тамас Секели, од центарот за еволуција „Милнер“, при универзитетот „Бат“ во Велика Британија.
Но научниците претпоставуваат дека однесувањето на татковците исто така игра улога во можниот животен век. И помеѓу животните има такви што не се грижат за своите потомци кога ќе дојдат на свет. Така, цената што ја плаќаат за нивното здравје е често поголема од онаа на женките, кога ги носат и се грижат за младенчињата.
Предноста на овие информации е што сите зоолошки градини водат точни записи за тоа кога се родило и кога починало некое животно. И во светот на животните се случува животното да умре од очај и досада зад решетки.