Прва божиќна песна за кучиња
„Raise the Woof“ е прва поп-песна напишана исклучиво за кучиња, а кај милениците поттикнува мавтање со опашката и лаење, како што потврдуваат и сопствениците што им ја пуштале оваа песна на своите миленици. Во објавата наведуваат дека песната е базирана на звуци во кои кучињата уживаат, а вклучени се играчки, свирки, лаење и неколку фрази.
За да ја пронајдат најдобрата мешавина од тонови, продуцентите им пуштале повеќе од 500 звуци на 25 кучиња. Се чини дека песната е веќе популарна помеѓу кучињата, затоа што сопствениците веќе објавуваат снимки од своите миленици и нивните реакции на звуците.
Кучињата слушаат, мрдаат со главата и опашката, а некои во знак на одобрување дури и лаат. Слични искуства имале и другите сопственици, кои реакциите на своите миленици ги споделуваат на друштвените мрежи. Песната „Raise the Woof“ е достапна на Спотифај, Вимео, Јутјуб и Епл мјузик, а приказната има и хуманитарна димензија, бидејќи им е достапна на сите. На продажба е и ограничено издание од 500 винил-плочи од 10 фунти, а парите се наменети за организацијата „Дјудс енд догс“, со седиште во Бристол, Англија. Станува збор за организација што го подржува менталното здравје кај мажите.