Раси на кучиња што најдобро се согласуваат со мачките
Најдобра споредба кога сакате да го истакнете несогласувањето помеѓу две лица е изреката „се согласуваат како куче и маче“. Сепак, не е сè толку црно-бело. Ви претставуваме три раси на кучиња што најдобро се согласуваат со мачки.
Златен ретривер: златните ретривери се едни од најомилените раси, освен што се исклучително лесни за обука, тие обожаваат деца и сакаат мачки. Секако, за да се роди љубов меѓу кучето и мачката, тие треба да се запознаат додека сѐ уште се многу мали (додека кученцето е старо до четири месеци). На тој начин тие ќе научат дека и двајцата му припаѓаат на семејството и дека се еднакви членови.
Басет: овие мали раси со долги уши знаат да бидат многу тврдоглави и да им задаваат тешкотии на своите сопственици во обуката, а тоа може да биде причина зошто тие се согласуваат толку добро со мачките. Басетот е куче од блага природа и, според истражувањата, живее подолго од повеќето други раси.
Бигл: биглот е ловечко куче, одгледано да живее и работи во група, поради што не ја смета мачката како закана или непријател, туку како колега или член на глутницата. Ова куче е енергично, но многу нежно кога станува збор за контактот со луѓе. Својата нежност тоа ја пренесува и на мачките. Најдобро би било мачката и биглот да ги запознаете додека се многу млади, бидејќи овие кучиња гласно завиваат, а тоа може да ја исплаши мачка што не е навикната на тоа.