Британската кралица Елизабета Втора во денешната божиќна порака изјави дека е импресионирана од динамиката на младите луѓе во борбата против уништувањето на животната средина.
„Предизвиците со кои денес се соочуваат многумина, можат да бидат различни од оние со кои се соочувавше мојата генерација“, рече 93-годишната британска кралица, која била тинејџерка за време на Втората светска војна, пренесе „Ројтерс“.
„Изненадена сум како новите генерации најдоа слична смисла во темите како што се заштита на нашата околина и нашата клима“, порача британската кралица.