„Ексоланг“ е уред за подводно дишење, дизајниран за да им обезбеди на нуркачите „неограничено“ снабдување со воздух. Тој ги преведува движењата за пливање на нуркачот во движење на воздухот, одржувајќи го воздухот за дишење во непрекината циркулација сè додека нуркачот продолжува да плива.
Дизајнерот на „Ексоланг“, Јарг Трагатшниг, е во потрага по трговски партнери за да ја изнесе својата идеја на пазарот. Додека го очекува патентот и додека производот се наоѓа во прототип-фаза, Трагатшниг проценува цена помала од 300 евра за основната верзија опишана погоре. Тој, исто така, разви промодел со црево од 7 метри и армирана конструкција за помалку од 500 евра.
„Ексоланг“ користи пловни плути што лебдат на површината на водата за да му обезбедат воздух на нуркачот. Удвојувајќи се како безбедносен појас, цревото со должина од 12 метри ја поврзува плутата со воденото ѕвоно прицврстено за предниот дел од торзото. Во цврстото тело на ѕвоното е вграден меур за вода, прицврстен на ленти за нозе, кои, пак, се врзуваат околу стапалата на нуркачот. Со исправање на нозете, свеж воздух се повлекува од површината и водата се поместува од воздушното ѕвоно. Кога нуркачот ги повлекува нозете, притисок на водата во ѕвоното го турка воздухот во него, а потоа тој може да се вдишува. Уредот го претвора нуркачот во извор на енергија, создавајќи „бесконечно“ снабдување со воздух сè додека тој не престане да плива. За разлика од системите засновани на резервоар, „Ексоланг“ не вклучува дополнителни трошоци за повторно полнење и е многу лесен за одржување. Единствена задача на нуркачот е само да го исчисти по употреба.