Кралските резиденции на кралицата Елизабета низ Велика Британија беа затворени за јавноста поради пандемијата на коронавирус и наметнатите ограничувања но делови на една од најпознатите од нив сега се отвори, пренесува „Експрес“.
Западниот паркинг на имотот Сандрингем во Норфолк сега ќе е отворен секој ден од 8 наутро до 18 часот, за да им овозможи на локалното население да вежбаат на локалитетот од 243 хектари, додека важат строгите мерки за социјално дистанцирање издадени од владата.
Отварањето на Сандригем ќе да биде „постепено и во фази“. Бројот на автомобили и посетители исто така ќе се следи со цел да се заштити здравјето и безбедноста на персоналот и локалната заедница.
Оваа новина ќе придонесе локалните жители кои поминале кои два месеци во нивните домови, со можност да бидат на отворено еднаш дневно, да бидат воодушевени што ќе можат да ги посетат двете природни патеки и да шетаат по шумските патеки.