Уметникот Едвард Мунк ги напишал загадочните зборови на сликата „Врисок“, покажало скенирањето со инфрацрвени зраци во норвешкиот Национален музеј во Осло. Кратка и едвај видлива реченица напишана на една од најпознатите слики во светот била причина за бројни шпекулации во светот на уметноста. Во горниот лев агол напишана со молив е реченицата „ова може да го наслика само лудак“, пренесуваат светски медиуми.
Од музејот велат дека овие зборови со сигурност ги напишал Мунк, бидејќи со помош на новата технологија тие го споредиле ракописот од сликата со оној во неговите дневници и писма.
Оригиналната слика првпат изложена во Осло 1983 година, станала радикален и безвременски израз на човековата вознемиреност. Работата на Мунк инспирирала многу холивудски режисери.
Уметничкото дело се подготвува за изложување во новиот музеј, кој треба да биде отворен во норвешката престолнина следната година.
Ликовните критичари долго време се прашувале дали реченицата напишана на сликата е вандалски чин на огорчен гледач или е напишана од уметникот, за кого се знаело дека за време на својот живот имал проблеми со менталното здравје.
– Тоа несомнено е ракопис на Мунк. Ракописот, како и она што се случи во 1895 година кога Манк првпат ја претстави сликата во Норвешка, го покажуваат тоа потврдила Маи Брит Гуленг, кустос на музејот – додала таа.
Сликата е украдена во 1994 година од норвешкиот музеј на уметност. Британските детективи ја пронашле за време на тајна операција.
Сликата „Врисок“ ќе биде изложена со уште неколку дела на Мунк, меѓу кои „Мадона“, „Танц на животот“ и „Автопортрет со цигара“, во Националниот музеј на Норвешка од 2022 година.