Додека Хрватска се пржи на високи температури, во државната ХРТ мислат дека во Риека паѓа снег.
Барем така се чини на фотографијата со временска прогноза на телетекстот на Хрватската телевизија.
Во временската прогноза за Риека за 7 август, покрај температурата од 28 до 33 степени, пишува „слаб снег“.
Иако на многумина што не им се допаѓаат горештините снегот и не е така лоша идеја, грешката била брзо воочена па сега на телетекстот во прогнозата за Риека нема текст.