Актерката Дру Баримор по подолго време се врати на малите екрани, но во поинаков формат. Во наредниот период симпатичната Дру ќе ја забавува публиката преку своето ток-шоу, за кое, како што вели, нема што да скрие.
– Едно нешто што сакаме да го кажеме преку ова шоу е дека јас сум она што мислите дека сум. Јас се борам, не успевам во сè и мислам дека една од најважните работи што сакам да ги научам моите деца и себеси, додека растам со нив е тоа дека промената е многу важна – промена во светот, промена во себе.
Јас сум самоистражувач и никогаш не сум се преправала дека сум некој што навистина не сум – рече актерката на прес-конференција по повод претстојната емисија наречена „Шоуто на Дру Баримор“.
Нејзиното прво шоу веќе се емитуваше и ги обедини славните Чарлиеви ангели, Камерон Дијаз и Луси Лиу. Честиот филмски колега на Баримор, Адам Сендлер, исто така, ќе се појави во една од нејзините емисии. Емисијата „Шоуто на Дру Баримор“ ќе вклучува и други забавни сегменти, освен само разговор со познати личности и влијателни луѓе. Така, ќе има и делови „Дизајнирано од Дру“ и „Вести на Дру“.
– Јас не сум една личност, не сум секогаш во исто расположение, не сум една работа. Јас сум всушност една мешавина од себе. Според тоа, сакам шоуто да ги претставува сите различности за кои сме заинтересирани – вели Баримор.