Три тајни од кујната што сигурно не сте ги знаеле
Секоја домаќинка денес мора да ги знае тајните на големите готвачи, за да бидат секогаш свежи продуктите за приготвување на најдобрите јадења. Ви ги откриваме малите тајни во врска со главните состојки на кујната.
Шеќер, сол и ориз: за да го задржите кафениот шеќер мек и влажен, ставете јаболко во садот во кој го чувате. За да го задржите свеж, можете да го чувате и во фрижидер. Што се однесува до солта, за да спречите да се стврдне, ставете неколку зрна ориз во неа. Покрај тоа, секогаш можете да ставите лавров лист во оризот, со што се спречува појавата на бубачки во него.
Сирење: тврдите сирења завиткани во восок многу брзо се стврднуваат. За да го спречите тоа, сè што треба да направите е да го премачкате сирењето со слој путер. Сирењето нема да се стврдне и ќе го задржи вкусот. Меките сирења можете да ги чувате во замрзнувач ако ви остане некое од нив по јадењето.
Зеленчук: ако чувате зеленчук во фиоките од фрижидерот, ставете хартиени салфетки на дното на фиоката, бидејќи тие ќе ја соберат влагата поради што зеленчукот ја губи својата свежина. Исто така, свежите печурки можете да ги завиткате во хартија и да ги ставите во фрижидер. Ако, и покрај сите напори, морковот, целерот, ротквичката и другиот зеленчук се збрчкуваат, исечете свеж компир, ставете го во ладна вода и потоа додајте го зеленчукот.