Мешавина од материјали – нов тренд во домовите
И во новата година сакаме да се чувствуваме удобно во нашите домови, особено што оваа година поминавме многу повеќе време дома. Покрај новите бои, за 2021 г. постои уште еден сјаен тренд – мешавина од материјали.
Меко во комбинација со рустикално, обработени материјали со природни материјали, а модерни, закривени линии во комбинација со автентична рачна обработка. Од овие контрасти произлегува изненадувачки смирувачки и складен ансамбл.
Посебноста на овој тренд е што е безвременски и постојан. Комбинацијата на материјали ни е позната веќе повеќе години, а комбинацијата од различни ткаенини, структури и текстил дава некоја сигурност.
За следната година одбираме кошници за складирање од трска, памучни ќебиња и глинени садови. Комбинираме рамки за слика од смола или дрво, со стаклени вазни и кадифени перници. Особено популарни се природните материјали како камен, дрво, бамбус, теракота или ратан. Што се однесува до боите, овој стил главно се движи во областа на природните бои. Особено популарни се кафеавата, сивата, црната, белата, сенф жолтата, бежовата и зелената боја. Резултатот е хармонична мешавина на материјали што гарантира оптимален фактор на благосостојба.