Како да ги обоите керамичките плочки?

Дали сте слушнале дека керамичките плочки можете да ги обоите? Доколку се одлучите да направите некаква промена во домот, можете да ги обоите керамичките плочки во тоалетот или во кујната. Најважно е да направите добра подготовка на подлогата за боење, за да го добиете посакуваниот изглед со што е можно повисок квалитет.

Првиот чекор е темелно да ги исчистете плочките со детергент. Користете средство што е благо абразивно. Покрај отстранување на целата нечистотија од плочките, абразивот ќе дејствува на мазната површина и ќе го намали нејзиниот сјај.
Потоа извадете го емајлот со фина шмиргла и, ако имате можност, најдобро е да користите брусилка со шмиргла со голема гранулација.

По шмирглањето, намачкајте ја површината со покривна основна боја. Користете поквалитетен производ затоа што темелот е важен за да се залепи добро бојата на подлогата. Нанесете ја покривната основна боја со валјак и четка, а кога ќе се исуши добро, нанесете уште еден слој.
На подготвената подлога на таков начин, нанесете ја латексната боја базирана на масло во тонот по ваш избор и на крајот нанесете полусјаен или сјаен алкален премаз.