Продукцијата „Дизни“ подготвува уште едно изненадување за љубителите на анимираните филмови. По играните верзии на цртаните: „Аладин“ и „Кралот лав“ се подготвува и новата „Пепелашка“. Приказната за сиромашната, убава девојка, која животот го минува чистејќи и задоволувајќи ги каприците на двете грди сестри и на злобната маќеа, на големите платна ќе пристигне во 2021 година. Во главната улога ќе ја видиме младата пејачка Камила Кабељо, додека улогата на злобната маќеа ѝ е доделена на Идина Мензел.
Сепак, најмногу се зборува за тоа дека улогата на добрата вила, која на
Пепелашка ќе ѝ помогне да стигне на балот му е доделена на маж. Станува збор за Били Портер (50), добитникот на наградата „еми“ за најдобра драмска улога.
– Во моментот снимам неколку филма, а во едниот ја играм добрата вила на Камила Кабељо – изјави неодамна Портер за магазинот „Холивуд рипортер“.