Продуцентот и сценарист Ал Џон на култната анимирана серија Симпсонови ја повикал Меган да се приклучи во тимот, пишува британски „Мирор“. Тој додава дека подготвиле понуда за Меган која би требала да го позајми својот глас на некој од ликовите во серијата.

Пред неколку месеци Меган Маркл се согласила да работи за „Дизни“, а за возврат продукциската куќа требала да ги донира средствата на добротворната организација за заштита на слонови. Ваквиот договор уште не е реализиран.