Постојат занимања што привлекуваат психопатски личности, а новото истражување покажало дека психопатите уживаат да демонстрираат бестрашна доминација над другите.
Според дијагностичката листа за психопатија Харе, составена во 70-тите години на минатиот век, психопатските личности може да имаат можност да се чувствуваат виновни за сторените дела, но тие не се способни за емпатија.
Токму такви слични карактеристики можат да се најдат кај менаџерите на компаниите, кои лесно одлучуваат за судбината на илјадници луѓе кога, на пример, ќе ги отпуштат за да заштедат пари за компанијата.
Психопатите се најчесто импулсивни, манипулативни и сексуално промискуитетни личности. Според неодамнешното истражување спроведено од Скот Лиленфелд, психопатите уживаат да демонстрираат бестрашна доминација над другите луѓе, како што е квалификуван став на суд или за време на јавен настап на сцената, пишува „Индипендент“.
Новинарите, полицајците, па дури и свештениците се меѓу најпопуларните професии што би ги избрале психопатите. Необично е што дури и хирурзи што спасуваат човечки животи влегуваат во списокот на топ 10 занимања што привлекуваат психопати.
На списокот со 10 занимања што се „лепак“ за психопати се директори на компании, адвокати, медицински работници и продавачи. Потоа следуваат хирурзи, новинари, полицајци и свештеници. Другите две занимања вклучуваат главни готвачи и државни службеници.