Денот на тигарот се одбележува од 2010 година за да се издигне свеста за зачувување на тигрите и да се промовира глобалниот систем за заштита на природните живеалишта на тигрите.
Се смета дека во светот во дивина се останати само 3.890 тигри и дека нивната популација опаднала за 97 отсто во последните сто години. Нелегалната трговија со животни е четврта најголема нелегална трговија во светот, по трговијата со дрога, со луѓе и со фалсификати.