Загрижен жител на Осиек деновиве се јавил во редакцијата на „Глас на Славонија“ преку електронска пошта информирајќи ги за една девојка која се сончала гола на тераса, прашувајќи дали воопшто тоа е законски.
На осјечанецот му засметал тој чин, додавајќи дека девојката се сонча гола секој ден, а отспротива живеат семејства со мали деца.
– Речиси секој ден може да се види како во соседната зграда на тераса гола се сонча една девојка. Тоа не е прикладно, со оглед дека преку пат живеат семејства со мали деца. Кога и даизлезат децата на тераса, мораат да гледаат голотилак, па ме интересира дали тоа според нашиот закон е забрането – напишал загрижениот жител на Осиек.
Весникот проверил во полиција, од каде им било соопштено дека за таков чин казната е од 185 до 750 куни.(од 1.500 до 6.200 денари)