Деветтиот турнир во голф „Маседониан опен“ почнува денеска и ќе трае до 6 септември на терените на „Пирин голф и катри клуб“ во Банско, Бугарија, во организација на Македонската голф-федерација (МГФ). Право на учество, покрај домашни играчи, имаат и странци што ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Оттука и очекувањата на организаторот за масовен интерес што во превод значи меѓу 80 до 100 пријавени голфери, кои можат да се информираат на [email protected].
Овој турнир е вклучен во официјалниот календар на ЕГА (Европската голф-асоцијација).
– Целта ни е да побудиме интерес за голфот во државата за сите возрасни групи, со акцент на младите генерации и развој на играта на одржлив начин на секое ниво, како и промовирање на играта, овозможување пристап и зголемување на учеството во голфот преку создавање можности за вклучување во играта – велат од МГФ.
Македонската голф-федерација е признаена и активна членка на водечките меѓународни организации како Интернационалната голф-федерација, Европската голф-асоцијација, Кралски/антички олимписки комитет и Македонскиот олимписки комитет. Формирана е да служи како водечко тело за голфот како спорт и да промовира, поддржува, администрира и поттикнува развој на голфот на територијата на национално ниво.