Некои милионери заработуваат пари со напорна работа и неконвенционални идеи. Други едноставно имаат среќа. Доказ за вториот случај е графити-артистот Дејвид Чоу, кој поради една ризична одлука преку ноќ заработи 200 милиони американски долари, пишува Си-ен-би-си.
На почетокот 2000-те години, работата на Чоу го привлекла вниманието на Шон Паркер, основачот на компанијата „Напстер“. Во 2005, откако Паркер стана претседател на тогаш старт-ап бизнисот „Фејсбук“, тој го ангажирал Чоу да нацрта графити во тогашното седиште на компанијата во Силиконската долина.
Иако графити-артистот Чоу воопшто не ги сакал социјалните мрежи како тогаш влијателната Мајспејс и го нарекувал Фејсбук „апсурдна идеја“, прифатил да ја заврши работата за 60.000 илјади долари.
Паркер му понудил избор меѓу пари во готово и акции од компанијата, но го посоветувал ги земе акциите. Со преземањето на ризикот, Чоу немал гаранција дека ќе заработи пари при евентуален неуспех на компанија, која во тоа време немаше никаква гаранција за денешниот успех.
Кога Фејбук иницијално јавно ги понуди своите акции за 38 долари во 2012 година, неговите акции беа во вреднсот од 200 милиони долари, што го направија графити-артистот мултимилионер. Денес, една акција на „Фејбук“ вреди 199 долари. Неочекуваниот успех на Чоу, покрај тоа што му овозможи голема изложеност во јавноста, го направи и еден од поексцентричните, невообичаени милионери во САД.