Саксофонистот Горан Папаз објави преработката на песната „Го молам ноќва небото“ од Тоше Проески.
Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ а вокалот е на Андреа Гроздановска.
– Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка – информираше Папаз.
Песната е снимена во студиото Гроздановски.