Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина од 200 километри на час и на минусни температури. Но сепак, човекот преживеал, соопшти германската полиција.
Патниците го слушнале крикот на 33-годишниот човек и како што пренесува ФЕНА, биле во состојба да ја повлечат итната сопирачка, овозможувајќи му да влезе во возот.
Тој потоа е предаден во станица во Есен и бил „недвосмислено информиран од страна на Федералната полиција во каква смртна опасност бил во тој миг”.
Имал среќа што преживеал, но сега е под истрага за ризично однесување во сообраќајот.