Авторка: Лара Расин
(Норвешки стандард)
Ако некој е на умирање во Лонгјербијен, тогаш мора брзо да биде пренесен на копно во Норвешка. Всушност, ваквиот закон важи за сите ненаселени области во Свалбард, од кои сите се наоѓаат на најголемиот остров Шпицберген во арктичкиот архипелаг.
Постои долга историја зад ваквата политика, која датира уште од 1950-тите години, кога мештаните на Свалбард дошле до неверојатно откритие.
Имено, тие сфатиле дека телата на мртвите што биле погребувани всушност не се распаѓале во земјата.
Ова се должи на тоа што на Свалбард температурите се ниски и времето е многу студено во текот на целата година. Декемвриските температури во Лонгјербијен просечно се движат од -14 до -8 степени Целзиусови. Студените периоди обично траат долго, а температурите се движат меѓу -30 и -20 степени Целзиусови. Најтоплиот месец е јули со просечни температури меѓу пет и девет степени Целзиусови.
Мештаните биле загрижени бидејќи телата мрзнеле наместо да се распаѓаат, што може да го зголеми ризикот од ширење на болести. Заради ова била воведена посебна политика. Кремирањата се дозволени на островот, но потребни се посебни државни дозволи, а други видови на погреби не се дозволени. Умирањето на островот не е незаконско, туку според политика, мора да се спречи.
Образложението зад законите официјално доби поддршка во 1990-тите години кога научницте открија дека трупот на човек што починал од грип во 1918 година уште го содржел вирусот, кој бил целосно зачуван. Ако мразот се стопел, тоа би било огромен ризик за населението на Свалбард, кое веќе се соочува со тешкотии – четири месеци во целосен мрак во зима, многу ниски температури и опасни средби со поларните мечки.
Ваквите услови не се оние за со нежно срце и токму поради тоа на Свалбард има помалку од 3.000 жители, а во Лонгјербијен живеат над 2.000 лица.
превод: Билјана Здравковска