Компанијата „Вибер“ најави воведување неколку нови антиспам-функции како дополнително обезбедување на приватноста на корисниците, како и можност за пребарување на други корисници по нивното име.
– Новата функција за пребарување ќе биде обезбедена со дополнителни мерки за приватност, во согласност со заложбите на „Вибер“ да обезбеди приватност за своите корисници. Луѓето редовно се преплавени со сè повеќе информации, а во таква ситуација без преседан, неопходно е да се обезбеди превенција од спамирање – соопштија од „Вибер“.
Во согласност со таквите појави, не е повеќе предизвик да добијат што е можно повеќе контакти преку интернет, туку да се стори тоа на најбезбеден начин, со што се заштитува приватноста на корисниците. Во таа смисла, новите решенија на „Вибер“ претставуваат помош за корисниците на апликацијата.
„Вибер“ ќе им овозможи на своите корисници да контролираат кој може да ги додаде во заедниците и групните разговори – сите или само луѓето чии контакти ги зачувале во нивниот именик. Покрај тоа, поканите за пристапување во новите заедници и групните разговори добиени од непознати испраќачи автоматски ќе се вчитаат како нови барања за чет во инбоксот на апликацијата, така што главниот екран за разговор останува прегледен и растоварен од несаканите барања, пренесува порталот „Мондо“.