Вербата во успехот на „Proud“ на „Евровизија“ би можела да ви се исплати во случај на победа на Тамара, доколку се обложите во триумфот на Македонија на годинашното музичко натпреварување во Тел Авив, Израел.
Македонија го зазема 13-то место на листатата од 26 натпреварувачи, според обложувачниците, со што изгледите за победа на Тамара се движат помеѓу 50 и 176 коефициент (за едно вложено евро можат да се добијат помеѓу 50 и 176 евра).
Денес, според „Јуровижн ворлд“, прв фаворит во финалето на „Евровизија“ во Тел Авив во сабота е Холандија, која според нив има 46 отсто шанса за победа, со коефициент од 1,65 во обложувачниците. Втора на листата е Австралија, а трета е Шведска.