Васил Хаџиманов ја освои светската награда за најдобар џез-пијанист на електрично пијано на 41-то издание на Годишните награди на џез-радиостаници. Исто така, во категоријата за најдобрата џез-група, „Васил Хаџиманов бенд“ го освои второто место.
Помеѓу другите победници беа и врвните џез-уметници, како Рон Картер, Марк Копланд, Чик Кореа, Ренди Брекер, Дејв Либман и многу други.
Зад оваа награда стои Арналдо Десутеиро, кој е џез-новинар, продуцент, историчар и предавач. Тој е продуцент на повеќе од 830 џез-композиции.
Белградскиот бенд „Васил Хаџиманов бенд“ се состои од Бојан Ивковиќ, перкусионист и вокал, Бранко Тријиќ, гитарист, Мирослав Товирац, бас-гитара, Предраг Милутиновиќ, тапани, и лидерот на бендот, познатиот џез-музичар, композитор, клавијатурист и аранжер Васил Хаџиманов. Познатиот џез-музичар ја учеше музиката на престижниот колеџ „Беркли“. Тој е син на познатите Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ.