Првата жена во вселената
Валентина Терешкова стана првата жена во вселената откако помина низ процес на селекција меѓу повеќе од 400 жени што се пријавиле за лет. Од космодромот „Бајконур“ во денешен Казахстан, на 16 јуни 1963 година, беше лансирана во вселената со вселенскиот брод „Васток“. За нешто помалку од три дена, тој во вселената направи 48 орбити околу Земјата.

Првата Американка вселената
Американската физичарка и астронаутка Сали Рајд ѝ се приклучи на НАСА во 1978 година, а само четири години подоцна стана првата Американка во вселената. Летала во вселената на 32 години и важи за најмлад американски астронаут. По два лета со вселенскиот шатл „Челинџер“, таа ја напушти НАСА во 1987 година. Таа работеше две години во Центарот за меѓународна безбедност и контрола на оружјето на универзитетот „Стенфорд“, потоа на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, како професорка по физика, примарно истражувајќи нелинеарна оптика.

Првата жена што прошета во вселената
Познатата руска космонаутка Светлана Савичка е првата жена што „прошетала во вселената“ и втората жена што полета во вселената, по Валентина Терешкова. Во вселената поминала вкупно 19 дена, 17 часа и 6 минути, а низ вселената прошетала на 25 јули 1984 година, поминувајќи повеќе од три часа надвор од леталото. Имала планирано уште две мисии во 1985 и 1986 година, но првата била откажана, а втората не ја реализирала поради бременост. Заедно со студиите на Факултетот за аеронаутичко инженерство, таа важела и за многу успешна пилотка. На аеромитингот во 1970 година, таа станала светска шампионка со 23 брзини и три рекорди во падобранство.

Првата жена што управувала со спејс-шатл
Првата жена што стана командант на екипажот беше Ајлин Колинс, а оваа улога бараше од неа да има најмалку илјада часа искуство во управувањето со авион. Колинс ја реализира својата прва мисија во јули 1999 година, а втората во 2005 година.

Првата жена што стана членка на Меѓународната вселенска станица
Сузан Хелмс, астронаутката на НАСА, е првата жена што стана членка на Меѓународната вселенска станица. Сузан беше инженерка за летови за време на мисијата „Експедиција 2“, од март до август 2001 година.

Првата туристка во вселената
Во 2006 година, Ануша Ансари стана првата жена што леташе во вселената како туристка. Фактот дека не знаеше ниту еден збор англиски јазик не беше пречка за интелигентното и амбициозно девојче по завршувањето на студиите по електроника и компјутерско инженерство да се вработи во компанијата МЦИ.

Жена што постави рекорд во вселенски прошетки
Американската биохемичарка, астронаутка од агенцијата НАСА и поранешна водечка астронаутка на оваа агенција, Пеги Витсон стана првата жена во светот што потрошила кумулативни 53 часа во патување во вселената. Пеги е најискусна астронаутка на агенцијата НАСА, со над 376 дена во орбитата.

Жена со најголемо време поминато во вселената време на еден лет
Американската астронаутка и поранешна офицерка на американската морнарица Сунита Вилијамс ги држи рекордите за времето поминато во вселената од страна на жена за време на еден лет (196 дена), бројот на вселенски летови во отворена вселена од жена (седум) и вкупното време на прошетки во вселената од страна на жена (50 часа и 40 минути).

20