Инстант-лотаријата „Мини и Макси“ ја изненади Тања Ѓоргиевска од Скопје со роденденски подарок БМВ X1.
Државна лотарија додели уште еден автомобил БМВ X1 од инстант-лоз „Мини и Макси“ пред салонот на М – Кар каде што Марјана Станојковска ги додели клучевите на добитничката.
Тања рече дека секогаш била скептична за игрите на среќа, но со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг редовно купува инстант-лозови, се одлучил за специјално дизајниран коверт Среќа Плус и 5 лоза „Мини и Макси“ купени од различни продажни места како роденденски подарок за неговата сопруга.
Не верувајќи дека токму таа може да стане сопственик на еден од атрактивните автомобили, Тања го замолила сопругот да ги провери инстант-лозовите дали се добитни. Трите симболи на БМВ X1 на лозот донеле неизмерна среќа во домот на семејството Ѓоргиевски.
Со клучевите во рака, Тања се пофали дека на среќата и возбудата им нема крај и во иднина ќе верува повеќе во својата среќа затоа што никогаш не се знае кога ќе се насмее.