Американскиот комичар Бил Козби постигна судска спогодба со седум жени кои против него поднесоа тужба за клевета, откако тој ги обвини дека лажат дека сексуално ги злоставувал.
Двете страни постигнале спогодба пред федералниот суд во Спрингфилд, во американската држава Масачусетс.
Козби (81) од минатата есен е во затвор каде отслужува казна од три до 10 години по одвоена тужба за сексуално злоставување жена во Пенсилванија. Козби поднесе жалба на пресудата.