На деветтото издание на фестивалот на детска песна „Радика фест-2018“, во конкуренција на солисти и групи од Охрид,Струга,Дебар и други градови, првото место од публиката го освои Бајрам Белулоски за песната „Спомени“.

-На деветтото издание на фестивалот на детска песна на македонски јазик „Радика фест-2018“, што се одржа во преполната сала од Центарот за култура во Дебар, беа изведени вкупно 17 композиции од повеќе композитори од земјава. Во крајно изедначена конкуренција првото место од стручното жири и припадна на песната „Тајна љубов“ во изведба на Ибраим Исаку. Првата награда од публиката која ги освои симпатиите на присутните во салата и припадна на песната „Спомени“ во изведба на Бајрам Белулоски, додека за најубав сценски настап беше прогласена изведбата на Климент Каралиовски, кој на овој фестивал ја изведе песната „Светот ќе го смениме“.

Овој фестивал беше успешно организиран од Центарот за култура, а истиот финансиски беше поддржан од Општина Дебар и министерството за култура на Република Македонија.