Младата пејачка Ања Ветерова, денеска полни 19 години. Токму на денот на својот роденден таа посака да ги израдува своите обожаватели со нова песна и спот. Насловот на мелодијата е „Ми доаѓа да вриснам“, а снимена е и на српски јазик.
Видеото премиерно ќе биде пуштено во 16 часот на Јутјуб каналот ИДЏ видеос (Idjvideos).
– Работам со тандемот што победува. И за оваа песна текстот го напиша Елена Ристеска, а музиката, аражманот и продукцијата се на Дарко Димитров. Инаку спотот се снимаше во просториите на ИДЏ и во спа рисорт во Белград – ни откри Ања Ветерова.
На 28 август таа заминува за Бостон, САД, бидејќи доби стипендија за студии на претсижната музичка академија „Беркли“, каде ќе студира пеење, компонирање и музичка продукција.
М.Т.