Меркур, најблиската планета до сонцето, во нашиот Сончев Систем ќе биде видлив како мала црна точка што се движи наспроти сонцето. Тоа се смета за редок астрономски феномен што нема да се види повторно до 2032 година.
Сончевите движења се случуваат помалку од двапати во период од еден век со Венера, а 13 или 14 пати во еден век со Меркур. Во овој век ќе може да се види неговото четиринаесетто движење. Последното движење на Меркур беше во 2016 година, а следното ќе биде во 2032 година.
Според „Спејс.ком“, како што се гледа од земјата, се можни само движења на Меркур и на Венера, затоа што ова се единствените планети што се наоѓаат помеѓу земјата и сонцето. Движењата на Венера се случуваат во парови, одделени околу осум години, при што повеќе од еден век го одделува секој пар.
Регионите на земјата од кои ќе бидат видливи барем некои делови од движењето на Меркур се Јужна и Западна Европа, Јужна и Западна Азија, Африка, поголем дел од Северна Америка, Јужна Америка, Пацификот, Атлантикот, Индиски Океан и Антарктикот.
За да може да се види овој феномен е неопходен телескоп, бидејќи Меркур е многу мал во споредба со сонцето.