Принцот Хари одлучил неговиот син да се вика Арчи во чест на неговиот херој, командантот на британската армија, пренесуваат странските медиуми.
Војводата од Сасекс за својот син одбра неочекувано име во чест на мајорот Том Арчер-Буртон, во палатата познат како Арчи, за кој Хари вели дека е личност на која секогаш може да се потпре.
Мајорот му дал дозвола на Хари да служи на линиите на фронтот во Авганистан во 2008 година, и со тоа тој станал првиот од кралското семејство кој бил распореден во Авганистан, после неговиот чичко, принцот Ендру, кој пилотирал со хеликоптер на Фолкландските острови.
Блискиот однос на Хари и неговиот командант продолжил и по враќањето од фронтот.
– Тоа е неверојатна чест, но Арчи е премногу скромен и нема да направи голема фама од сето тоа – изјавил извор близок на палатата.