Животни
Поранешниот работник на Амазон, Хавиер Санчез, сега е водач на проектот во технолошката компанија „Аквалон“ во Вашингтон и ја развива апликацијата „Мјауток“, која се стреми да го преведе мјаукањето на мачките во пораки што луѓето можат да ги разберат. Тој вели дека наскоро на сите ќе им биде јасно што сакаат мачките.
– Не е јазик. Мачките не споделуваат зборови и не комуницираат едни со други. Мачките во природата никогаш не си ги изразуваат своите мисли со мјаукање – рече Санчез.
Тој и неговиот тим откриле дека мачките често имаат од една до девет различни пораки што со мјаукање се обидуваат да им ги објаснат на луѓето, а секоја порака има свој вид на мјаукање. Санчез работи на дешифрирање на мјаукањето во фразите што мачките се обидуваат да ги пренесат. Станува збор за изјави од типот „гаден сум“ или „ме боли“. Сопствениците на мачки што ја преземаат апликацијата може да го снимат мјаукањето на својата мачка и потоа да добијат превод на звукот.
„Мјауток“ сè уште е во фаза на развој и постојано се подобрува и ажурира, но прототипот е достапен за преземање за системите ИОС и Андроид.