Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека бил позитивен на тест за коронавирус на неговиот 60-ти роденден, пренесува магазинот „Пипл“
– Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот – објавува Бандерас.
Се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното, и сигурен сум дека ќе се закрепнам што е можно поскоро. Се надевам дека препораките и инструкциите на лекарот ќе ми помогнат да ја совладам оваа болест која влијае врз мене, но и на многу луѓе во светот – вели Бандерас во објавата на Твитер.
Тој додава дека во изолација ќе чита, пишува, одмора и ќе прави планови „за да даде значење на неговите 60-ти години“.