Покрај тоа што алкохолот му штети на здравјето, тој не е без последици и за изгледот. Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, меѓутоа најлошо се одразува на кожата.
Пиво: Го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.
Бело вино: Доста истражувања тврдат дека по една чашка вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешно истражување откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.
Црвено вино: Природниот шеќер, исто така, придонесува за зголемено црвенило.
Рум и виски: Провоцираат акни и водат до предвремено стареење на кожата.
Коктели: Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси, кои многу лошо се одразуваат на кожата.