Алек и сопругата Хиларија го добија петтото дете, објави „Асошиејтед прес“.
– Добивме машко бебе. Тоа е совршео и не можеме да бидеме посреќни. Останете во тек за името – објавила Хиларија Болдвин на својот инстаграм-профил, воедно споделувајќи и фотографија од нив заедно со новороденчето.
Алек и Хиларија се во брак од 2012 година и сега се родители на една ќерка и четири сина. Алек Болдвин има и 24-годишна ќерка од претходниот брак со актерката Ким Бејсингер.