Евровизискиот претставник на Албанија иако успеа да и обезбеди на својата земја влез во големото финалето, кое се одржува утре, сепак неговиот настап беше забаранет и спорен во Кина.
Кинеската телевизија во вторникот, во првата полуфинална вечер, не ја емитувала ирската песна поради хомосексуална содржина, а албанската песна била забранета затоа што пејачот има тетоважи. Знаме со виножитото на ЛГБТ заедницата, кое се вееше во публиката, исто така беше заматено за време на преносот на кинеската телевизија Манго.
Двете држави се пласирале во финале, па во текот на прогласувањето на финалисите, публиката во Кина можела да го види преставникот на Ирска, но не и на Албанија.
Во финалето на годинешното издание на Евровизија, закажано за утре, ќе настапат: Украина, Шпанија, Словенија, Литванија, Австрија, Естонија, Норвешка, Португалија, Велика Британија, Србија, Германија, Албанија, Франција, Чешка, Данска, Австралија, Финска, Бугарија, Молдавија, Шведска, Унгарија, Израел, Холадија, Ирска и Кипар.