Мајкл Кенет Вилијамс, кој го толкуваше ликот Омар Литл во хит-серијата „Жица“ (The Wire), вчера е пронајден мртов во својот стан во Њујорк, соопшти њујоршката полиција. Тој имаше 54 години.
Џон Гримпел, портпарол на полицијата во Њујорк, изјави дека безживотното тело на Вилијамс било пронајдено во неговиот стан во Бруклин, по телефонски повик во 14 часот по локално време до службата за итни случаи.
Вилијамс, кој годинава доби номинација за „Еми“ година за неговата улога во „Лавкрафт кантри“, исто така, стекна слава за улогата во серијата на „Ејч-би-о“ „Бордвок емпајр“.
Од полицијата соопштија дека во тек е истрага за смртта на Вилијамс.