Американската полиција приведе околу 600 жени, меѓу кои и актерката Сузан Сарандон, откако одржаа протест и во знак на поддршка на имигрантите седнаа пред зградата на американскиот Сенат.
Според наводите на вашингтонската полиција, уапсени се 575 лица поради незаконски протест.
Протестот беше насочен против политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за имиграцијата и особено одлуката да се раздвојуваат децата од нивните родители на границата со Мексико.
Актерката Сарандон веста за нејзиното приведување ја соопшти на социјалните мрежи, а меѓу приведените беше и конгресменката од Демократската партија, Прамила Џајапал.
Многу од жените кои протестирааа носеа транспаренти со пораки дека семејствата треба да живеат заедно. Нови протести се закажани за утре.