Шест факти за светската популација
Светскиот економски форум (СЕФ) издвои шест факти за светската популација. Азија е дом на 60 проценти од вкупниот број луѓе на планетата Земја. Секој трет човек живее во Кина или во Индија.
Просечната возраст на жените е 75 години, додека просечната возраст на мажите е 71 година. Од 2000 година, просечниот животен век е продолжен за шест години. Јапонија има најстаро население во светот. Просечната возраст на населението во оваа земја е 45,9 години. Нигер има најмлада популација, а просечната возраст на населението во оваа држава е 15,2 години. Сите 10 земји со најмладо население во светот се африкански земји.
Осумдесет и пет проценти од децата на возраст под 16 години се образовани. Во моментов во светот живеат 7,88 милијарди луѓе. Глобалното население годишно расте за 1,1 процент.
Се проценува дека до 2030 година, на Земјата ќе има 8,5 милијарди жители, а до 2050 година 9,7 милијарди жители.
СЕФ ги пренесе овие информации од „Ворлд популејшн ревју“ и од Обединетите нации (ОН).