Македонија со нетрпение ја очекува вечерашната церемонија на доделување на „оскарите“ во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, на која „Медена земја“ е во конкуренција за престижната филмска награда во категориите за најдобар документарец и за интернационален филм.
Атиџе Муратова стави автограм на постер од филмот, што може да се забележи на снимката која снимателот Самир Љума ја објави на социјалните мрежи. На постерот се потпишани и режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев.
Atidze Muratova signing Honeyland poster AT #DocuDayLA pic.twitter.com/Pah7waStM7
— Samir Ljuma (@chkrap) February 8, 2020