Две години откако најавија враќање на музичката сцена, членовите на легендарната шведска група „АББА“, по долга пауза, ќе снимат нов музички материјал до крајот на оваа година. Ова го објави еден од членовите на групата, Бјерн Улвеус, откривајќи дека по летото треба да излезат две песни, насловени „I still have faith in you“ и „Don’t shot me down“.
Во 2018 година, групата објави дека планира да издаде нов материјал, 35 години откако четворицата членови последен пат биле заедно во студио. Последниот сингл им беше „Thank you for the music“ во 1983 година, по што тие ја прекинаа соработката.
Исто така, Улвеус ја отфрли можноста дека групата „АББА“ некогаш повторно ќе може да се слушне во живо.