Жолто Море е име за залив во Источнокинеско Море, кое е дел од Тихи Океан. Се наоѓа помеѓу Кина и Корејскиот Полуостров, зафаќа површина поголема од 465.000 квадратни метри, а најголемата измерена длабочина во него изнесува 103 метри.
Самото име Жолто Море потекнува од изобилството песок и кал што ги носи во себе на устието на Хуангхо, или Жолта Река, создавајќи така жолта боја на морето. Ова море се нарекува и Западно Море, а познато е по богатството на водна флора и фауна, па е омилено место за риболов.


































