Кога ќе се свртите наназад и ќе ги погледнете партнерите со кои сте биле или сте сакале да бидете во врска, веројатно ќе забележите дека сите имаат некои заеднички работи. Зошто постојано избираме ист тип на мажи? Ова повеќе се однесува на физичкиот изглед и на материјалната состојба на мажот. Работата е многу сложена… Но психолозите имаат одговор на прашањето зошто избираме ист тип на мажи.
Повеќето од нас претпочитаат одредена марка на шампон, имаме омилени бои, омилени места за излегување… Оваа лојалност, сепак, не е ограничена само на производите за широка потрошувачка или на местата што сакаме да ги посетуваме. Една нова студија од Универзитетот во Торонто открива дека луѓето имаат тенденција да излегуваат со одреден тип на партнер и имаат тенденција да гравитираат кон овој тип, без оглед на околностите.
Истражувањето, објавено во „Просидингс оф Нешнал академи оф сајенс“, анализирало податоци од 332 учесници. Испитаниците се оцениле себеси и своите романтични партнери врз основа на следните особини: љубезност, совесност, екстровертност, невротичност и отвореност за нови искуства. Врз основа на сличноста во тоа како сегашниот партнер на поединецот и поранешните партнери се опишале себеси, истражувачите откриле дека „степенот на доследност од една врска до друга сугерира дека луѓето навистина може да имаат одреден тип на личност што ги привлекува“. Сепак, истражувачите пронајдоа проверен доказ дека екстровертите се поотворени за состанување со различни типови на личности.
Ништо од ова не треба да ве изненади. Според д-р Тина Б. Тесина, психотерапевтка и авторка, ова однесување е целосно во согласност со нашиот човечки инстинкт да „бараме шаблони и да дејствуваме според нив“. Нашиот дневен опстанок зависи од нашата способност да донесуваме одлуки, да анализираме податоци и да обработуваме (често збунувачки или конфликтни) информации, што е овозможено само со способноста на нашиот мозок да идентификува и следи модели.