- За пет или десет милиони години, нов океан би можел да го пресече континентот и да ја претвори Источна Африка во остров
Африка полека, но сигурно се распаѓа на два дела. Како и сѐ во геологијата, тоа е исклучително долг процес што ќе трае милиони години, но на крајот дел од Источна Африка ќе се одвои од остатокот на континентот, што веројатно ќе резултира со нов океан што ќе настане помеѓу двете копнени маси.
Колосалното распаѓање е поврзано со источноафриканскиот расед, еден од најголемите расцепи во светот, кој се протега илјадници километри низ неколку земји во Африка, вклучувајќи ги Етиопија, Кенија, Демократската Република Конго, Уганда, Руанда, Бурунди, Замбија, Танзанија, Малави и Мозамбик.
Во наредните од пет до десет милиони години промените ќе бидат видливи
Овој систем на расцепи значи дека африканската плоча се дели на две плочи – помала сомалиска и поголема нубиска плоча – кои се оддалечуваат една од друга со супербавно темпо од неколку милиметри годишно. Уште во 2018 година, веста за пукнатина што се појави во Кенија стана вирална и многумина тврдеа дека тоа е доказ дека Африка се преполовила пред нашите очи. Иако оваа сцена беше поврзана со источноафриканскиот расед, малку е погрешно да се претставува како жив доказ за големото раздвојување на Африка.
Сепак, во наредните од пет до десет милиони години, промените може да доведат до драстично поинаков изглед на светот. Приближно во овој временски интервал, веројатно ќе видиме нов облик на океан меѓу сомалиската и нубиската плоча. Големиот африкански континент ќе го изгуби своето источно рамо и огромно море ќе ја отсече Источна Африка. Колку и да изгледа чудно, вреди да се запамети дека површината на Земјата е во постојан флукс, само што е толку бавен што луѓето не можат да го објаснат. Земјата и морето што денес ги гледаме – Евроазија, Америка, Африка, Антарктик и Океанија – се производ на огромни тектонски плочи што се составуваат како сложувалка.
Овие делови од сложувалката бавно се движат
– Ова е единственото место на Земјата каде што можете да проучувате како континентален расед станува океански – изјави Кристофер Мур од Универзитетот „Лидс“.
Тој со помош на сателитска радарска технологија ја следел вулканската активност во источниот африкански регион, која најчесто се поврзува со постепениот распад на континентот. Пукнатината се наоѓа на границите на африканската, арапската и сомалиската тектонска плоча, а последните 30 милиони години арапската плоча полека се оддалечува од африканскиот континент. Дополнително, сомалиската плоча исто така се оддалечува од африканската – копајќи свој пат преку големата раседна долина, а истражувачите со помош на џипиес-инструменти успеале прецизно да ги измери овие движења.
– Со овие мерење можете да ја измерите стапката на придвижување до неколку милиметри годишно – изјави Кен Мекдоналд, морски геофизичар и професор на Универзитетот „Калифорнија“.
Како што добиваме сè повеќе мерења од џипиес, можеме подобро да разбереме што се случува. Заливот Аден и Црвено Море ќе ги преплават регионот Афар и големата раседна долина и ќе станат нов океан, а тој дел од Источна Африка ќе стане свој мал, одвоен континент.

































