Фото: Пиксабеј

Храна во исчезнување

Италијанските бели тартуфи – класифицирани од УНЕСКО како нематеријално наследство на човештвото во 2021 година – се под закана од климатските промени. Природното живеалиште на оваа габа е ослабено од глобалното затоплување, сушата, уништувањето на шумите и од ненадејните промени на температурата. Белите тартуфи сакаат студ и влага, но на почетокот на ноември лани температурите достигнаа невообичаено топли 20 Целзиусови степени.
Сезоната на берба на белите тартуфи традиционално трае од октомври до крајот на јануари, но променливите временски услови ја скратуваат. Сушата и обилните дождови исто така можат да им наштетат.
Уништувањето на шумите е исто така ризик. Марио Априле, претседател на Здружението на ловци на тартуфи во Пиемонт, предупредува.
– Белиот тартуф не може да се одгледува, за разлика од црниот. Без дрвја нема тартуфи – вели тој.
Минатата година, стотици илјади тони компири не успеаја да стигнат до европскиот пазар, регионот што јаде најголемо количество компири во светот по жител (околу 90 кг годишно). А експертите предупредуваат дека до 2050 година, светското производство на компири би можело да се намали за девет проценти.
Белгија – позната по пронаоѓањето на „фритата“, која традиционално се служи во хартиени корнети прелиени со мајонез, е особено силно погодена од ефектите на климатските промени врз посевите на компири. Обилните дождови ги поплавија полињата со компири во Белгија оваа година, при што жетвата е значително одложена и само 50 проценти од родот е подигнат во вообичаеното време.
Франција се најде на насловните страници пред две години поради изненадувачкиот недостиг од еден од нејзините најпознати зачини, сенфот од Дижон. Француските супермаркети останаа без овој лут сос, цените се зголемија за 10 проценти, а трговците на мало ги ограничија клиентите да купуваат само по една тегла.